Денеска се слави свети Севастијан

Според календарот по кој се води Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Јулијанскиот календар, денеска е 18-ти декември и се одбележува сечавањето на свети Севастијан.

Свети Севастијан се родил во Италија, растел и се образувал во илано и уште како младо момче стапил во воената служба. Се истакнал многу во службата на императорот Диоклецијан кој го постави за началник на царската гарда.

Инаку, Севастијан бил таен христијанин. Кога бил откриен дека е христијанин и одбил да се откаже од Исус Христос, го врзале и војниците го стрелале со стрели, а најпосле го убиле со стапови. Овој славен војник, уште повеќе се прославил како христов војник и пострада во 287 година.