Кансело повреден во грабеж

Бекот на Манчестер Сити, Жоао Кансело, изјави дека бил жртва на грабеж во кој бил повреден и на Instagram објави готоградија на која има исекотина над десното око.

„Ме нападнаа четири кукавици кои сакаа да ме повредат мене и моето семејство, а кога ќе им пружите отпор ќе ви се случи ова (мислејќи на повредата над окото). Успеаја да ги окрадат целиот накит, но најважно е што моето семејство е во ред“, обајви Кансело.

Грабежот се случил во четвртокот во неговиот дом,

Во соопштението на Манчестер Сити доцна во четвртокот вечерта се вели: „Шокирани сме и згрозени што Жоао Кансело и неговото семејство беа изложени на кражба во нивниот дом оваа вечер, при што Жоао исто така беше нападнат.

„Жоао и неговото семејство се поддржани од клубот и тој ѝ помага на полицијата во нивните истраги додека ја истражува оваа многу сериозна работа“, додаваат од таборот на „Граѓаните“.