
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ги совладаа Минесота Тимберволфс со 108:103, а Леброн Џејмс го одигра својот 1.336-ти натпревар во НБА лигата, минувајќи го Гери Пејтон на 16-то место на листата на играчи со најмногу настапи во најсилната лига на светот.
Ова беше 19-та победа на Лејкерс сезонава, со 19 порази, додека Минесота се на соодносот 16-20.
Џејмс мечот го заврши со 26 поени, седум скокови и пет асистенции, а со ова остварување на прекина низата од седум натпревари во кои постигнуваше најмалку 30 коша.
Малик Монк додаде 22 коша, а Расел Весбрук 20 коша. Кај гостите најефикасни беа Баз Рејд со 23 коша и 11 скокови, и Ентони Едвардс со 18 поени и седум скокови.
Во најинтересниот дуел ноќта кон понеделникот Бостон Селтикс на својот паркет по продолжението ги совлада Орландо Меџикс со 116:111.
Гостите на четири минути пред крајот имаа водсто од дури 96:82, но домашните со серијата од 18:4 изборија продолжеток, а потоа во дополнителните пет минути славеа.
Џејлен Браун за Бостон постигна 50 коша со 11 скокови, што е негов рекорд во кариерата. Денис Шредер додаде 21 кош и 7 асистенции, а Маркус Смарт 17 коша и по седум скокови и асистенции. Кај Меџикс Теренс Рос впиша 33 а Гери Харис 23 коша.
Бостон сега има 18 победи и 19 порази, а Орландо само седум победи во 37 натпревари.
Далас Маверикс на гостувањето ги поразија Оклахома Сити Тандерс со 95:86 со „дабл-дабл“ на Лука Дончич кој играше првпат откако пропушти 10 натпревари поради повреди и влегувањето во здравствениот протокол поради коронавирусот.
Дочнич дуелот го заврши со 14 коша, 10 скокови и 9 асистенции. Тим Хардавеј и Марквес Крис додадео по 15 коша за Далас кој по 36 меча има половичен соодност меѓу победите и поразите.
Кај Оклахома, која е на соодносто 13-23, најефикасен беше Џош Гиди со 17 коша, 14 асистенции и 13 скокови. Гиди до својот прв „трипл-дабл“ во кориерата со 19 години, 2 месеца и 23 дена стана најмладиот играч кому тоа му успеало.
Досега рекордот го држеше Ламело Бол кој имаше 19 години, 10 месеци и 17 дена кога оствари двоцифрени бројки во три статистички категории на еден меч.
РЕЗУЛТАТИ
Торонто Репторс – Њујорк Никс 120:105
Бостон Селтикс – Орландо Меџикс 116-111 (продолжение)
Кливленд Кавалирс – Индијана Пејсерс 108:104
Сакраменто Кингс – Мајами Хитс 115:113
Шарлот Хорнетс – Феникс Санс 99:133
Оклахома Сити Тандер – Далас Маверикс 86:95
Лос Анџелес Лејкерс – Минесота Тимбервулфс 108:103
ТАБЕЛИ
ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
Чикаго Булс 24 10 70.6
Бруклин Нетс 23 11 67,6
Милвоки Бакс 25 13 65,8
Мајами Хитс 23 14 62,2
Кливленд Кавалирс 21 16 56,8
Филаделфија 76ерс 19 16 54.3
Шарлот Хорнетс 19 18 51,4
Вашингтон Визардс 18 18 50.0
Бостон Селтикс 18 19 48,6
Торонто Репторс 16 17 48,5
Њујорк Никс 17 20 45,9
Атланта Хокс 16 19 45,7
Индијана Пејсерс 14 23 37,8
Орландо Меџикс 7 30 18.9
Детроит Пистонс 6 28 17.6
ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
Голден Стејт Вориорс 28 7 80.0
Феникс Санс 28 8 77,8
Јута Џез 26 10 72,2
Мемфис Гризлис 23 14 62.2
Денвер Нагетс 18 16 52,9
ЛА Клиперс 19 18 51.4
Лос Анџелес Лејкерс 19 19 50.0
Далас Маверикс 18 18 50.0
Минесота Тимбервулфс 16 20 44,4
Сакраменто Кингс 16 22 42.1
Сан Антонио Спарс 14 21 40.0
Портланд Трејл Блејзерс 13 22 37.1
Оклахома Сити Тандер 13 23 36.1
Њу Орлеанс Пеликанс 13 23 36.1
Хјустон Рокетс 10 27 27.0