
Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска ќе ја посети Управата за јавни приходи каде ќе одржи работен состанок со директорката Сања Лукаревска и со раководството на УЈП.
На состанокот ќе се разговара за реализираните проекти и реформи на Управата за јавни приходи во изминатиот период и за проектите и активностите на кои ќе се работи во текот на 2022 година.