Сончево со мала облачност, повторно невообичаено високи температури

Времето во Македонија во вторникот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и повторно со невообичаено високи температори за почетокот на годината.

Претпладне по одделни котлини и речни долини има појава на магла, а во продолжение на денот ќЌе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Минималната утринска температура се движи во интервалот од -3 до 3, а максималната ќе достигна од 10 до 17 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со мала облачност и со слаб југозападен ветер. Минималната температура се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 11 Целзиусови степени.

Во следните два дена ќе се задржи стабилно и релативно топло време, претпладне со значителна облачност и магла по одделни котлини и речни долини.

Од четврток попладне следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со снег. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.