ВИДЕО| Апсења на протестите на пчеларите во Чиле, пчелите избоделе полицајци

На протестите одржани во понеделникот пред претседателскиот дворец во чилеанската престолнина Сантијаго, уапсени се четворица пчелари, а во текот на протестите пчелите избоделе седум полицајци, обајвија локалните власти.

Чилеанското пчеларство е погодено кој ги уништува изворите на храна за пчелите, во прв ред цвеќињата и посевите. Иако сушите не се невообичаени во Чиле, сегашната трае дури од 2010 година и з анеа барем делумно се одговорни климатските промени, според научниците.

Пчеларите од владата бараат реформи на цените на медот и државни субвенции, и побараа состанок со претседателот Себастијан Пинеро.

Тие на авенијата пред претседателскиот дворец поставија најмалку 60 кошници во коишто, како што се проценува, имали 10.000 пчели. Еден од пчеларите, Хозе Итура, за чилеанските новинари изјавил дека сушата во околината на главниот град ја уништува популацијата на пчелите.

„Пчилите угинуват. Доколку пчелите угинат нема да има живот. На тоа сакавме да укажеме со овој протест“, рекол Итура.

Претставник на министерството за земјоделение во регионот Сантијаго изјавил дека министерството е загрижено поради поселдиците од сушата врз пчелите. Владата со месеци наназад дава помош за 20 заедници тешко погодени од недостигот на водата, изјавил за новинарите Омар Гузман, регионален секретар за земјоделие.

Некои од минувачите предупредиле дека пчелите би можеле да бидат опасни по луѓето. Според нив, тие се опасни за луѓето кои се алергични на убод од плека бодејќи тоа може дури и да ги убие.

Пчелите на протестот избоделе седум полицајци кои се обидувале да уапсат пчелари и да ги тргнат кошниците, соопштиле претставници на полицијата, а избодените морале помош да побараат во билница.

Сушите и растот на температурите воопшто ги загрозуваат пчелните популации ширум светот. Студијата од 2020 година објавена во научното списание Science утврдла дека пчелните популации во една генерација се смалиле за околу 50 отсто во Северна Америка, а за 17 отсто во Европа.