Германија прва во Европа според личното богатство

Германија е на самиот врв во Европа според личното богатство акумулиранот во вреднсот поголема од 16 билиони евра, покажува истражувањето објавено во средата на швајцарски институт, истакнувајќи го натамошното продлабочување на јазот меѓу богатите и сиромашните.

И покрај падот на економските активности, личното богатство растело во 2020 година, првата година од пандемијата на короанвирусот, се наведува во истражувањето коешто опфатило 16 земји членки на Европската унија и Швајцарија.

Германија предничи во Европа со личното богатство од 16.400 милијарди евра, а следата Франција со 12.600 милијарди евра и Велика Британија и Италија со по 10.000 милијарди евра, покажува истражувањето на Redesigning Financial Servicesa (RSF), институтот со седиште во Цирих.

Реалниот бруто домашен производ (БДП) во 16-те земји во ЕУ и во Швајцарија е намален во пандемиската 2020 година за 6,4 отсто, додека личното богатство пораснало за 3,9 отсто, на рекордните 69 билиони евра.

Тоа покажува дека јазот меѓу богатите и сиромашните се зголемуива, а таквиот тренд според процените на авторите на истражувањето ќе продолжи и за минатата 2021 година.

Според нивниот извештај за богатството во Европа, Германија бележи наголем број милионери – 2,9 милиони, а следата Велика Британија и Франција со по 2,5 милиони милионери. Швајцарија, пак, предничи според уиделот на милионерите кој достигнува 14,1 отсто, што значи дека приближно секој седми граѓанин припаѓа на оваа група.

Истражувањето покажало и сѐ поизазена концентрација на богатството. Така, во сопственост на најбогатите 10 отсто европски семејства е околу половината од нето европското богатство. Најбогатите 1 отсто Европејци се сопственици на 19 отсто од вкупнот богатстви на континентот.

Институтот Redesigning Financial Servicesa (RSF) го основаа во 2016 година универзитетот во Сен Гален, технолошкиот универзитет ETH во Цирих и консултантската куќа EY, а фокусиран на новите деловни модел на финансиски услуги втемелени на технологиите.