
На 05.01.2022 во 22.30 часот на бул.„Маршал Тито“ во Виница, полициски службеници од Полициската станица Виница ги лишиле од слобода С.С.(33), Н.В.(28) и С.В.(34), сите од Виница.
При претрес во домот и возилото на С.С., извршен со судска наредба, како и претрес во возилото на Н.В., во кое се превезувале тројцата, биле пронајдени и одземени марихуана и повеќе предмети со остатоци од марихуана.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.