Баерн киксираше дома против Борусија М

Moenchengladbach's goalkeeper Yann Sommer (R) in action against Bayern's Robert Lewandowski (L) during the German Bundesliga soccer match between FC Bayern Muenchen and Borussia Moenchengladbach in Munich, Germany, 07 January 2022. EPA-EFE/PHILIPP GUELLAND

Во првиот натпревар од пролетниот дел, односно 18-то коло на германското фудбалско првенстов, Борусија Менхегладбах како гостин го изненади актуелниот и есенски првак минхенски Баерн совладуваји го со 2:1, резултат постигнат уште во првото полувреме.

Крајниот езултат можеби и не претставува толкаво изненадување, ако се знае дека тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман за дуелот не можеше да смета на дури 14 играчи поради повреди и зарази со коронавирусот, па така Паул Ванер со 16 години и 15 дена стана најмладиот играч на Баварците кои заиграл во Бундеслитага влегувајќи во игра од клупата за резерви во 75 минута. Досега на порана возраст во германската елитна лига дебитирал само напаѓачот на Борусија Дортмунд, Јусуф Мукоко со 16 години и 1 ден.

Баерн поведе во 18 минута со голот на Роберт Левандовски, но гостите од Менхенгладбах за кусо време во 27 и 31 минута направика прествт преку Флоријан Нојхаус и Штефан Лајнер.

Баерн Минхен ја прекина победничката низа од пет првенствени натпревари, но останува на врвот на табелата со 43 бодови, девет повеќе од второпласираната Борусија Дортмунд и дури 14 од третиот Фрајбург.

Борусија Манхенгладбах победи во Бундеслигата првпат по 20-ти ноември минатата година, кога тимот на Ади Хутер го совлада фенерџијата Гројтер Фурт и моментално 11-та со 22 бодови, со можност по завршувањето на колот да назадува три места.

Во сабота на програмата се дуелите: РБ Лајпциг – Мајнц, Баер Леверкузен – Унион Берлин, Хофенхајм – Аугсбург, Фрајбург – Арминија, Гројтер Фурт – Штутгарт и Ајнтрахт Франкфурт – Борусија Дортмунд. Во недела се закажани средбите Херта – Келн и Бохум – Волфсбург.