
Човек кој што се нафаќа да биде мандатар, а без притоа да го има легитиметот на народот доволно ви кажува за каков карактер и за каков лик станува збор. Не очекувам ништо друго освен продолжување на политиките на заевизмот“,истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски по дадена изјава пред Соборниот храм одговарајќи на медиумите што очекува од новата Влада.
Мицкоски додаде дека очекува оваа година да има предвремени парламентарни избори.
– Очекувам оваа година да има избори, тоа мора да се случи затоа што треба да се даде можност народот да избере политичка Влада онаква каква што народот ја посакува. Стравот во Владата е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе издвојува голема победа на тие избори. И стравот во владините коалициони партнери е дека ќе нема кој да го уценува ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ ќе води политика која што ќе се бори против криминалот и корупцијата и политика која што ќе се базира на реформи во општеството, политика на прогрес, силна економија, реформи во економијата и нема да биде уценувана од разно разни лични интереси како што денеска сме сведоци на пазарењата при формирањето на новата Влада од разно разни поединци кои што се дел од тоа парламентарно мнозинство. Тоа е стравот. Инаку нема друг страв, и затоа се гребат колку можат да опстанат за да го пљачкаат народот и да уживаат во привилегиите на власта, појасни Мицкоски.
Мицкоски посочи дека народот е тој кој што треба да одбере Влада, која што нардото ја посакува. Предвремени парламентарни избори ќе има оваа година.