
Претежно облачно и постудено. Кон крајот на денот и во текот на ноќта со локален дожд, на планините снег. Ќе дува слаб до умерен, а претпладне вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени.
Во Скопје претежно облачно со умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 6 степени.
Од утре кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во понеделник. Дневната температура значително ќе се намали.