Без победник во дуелот на Лион и ПСЖ, Мбапе двапати во стативата

Во дербито на 20-то коло на француското фудбалско првенство Лион и ПСЖ одиграа без победник 1:1.

Лион поведе уште во 8 минута со голот на Лукас Пакета за кого ова беше седмиот погодок сезонава во 19 лигашки настапи. ПСЖ во продолжението ловеше израмнува, кое го оствари дури во 76 минута а стрелец беше Тиљо Керер. Трагичар на мечот беше Килиан Мбапе кој имаште три одлични шанси, но не успеа да го совлада Антонио Лопез. Во 38 минута шутираше крај голот, во 42 минута ја погоди стативата а рамката од противничкиот гол му се испречи и во 82 минута кога биеше со слободен удар.

ПСЖ настапи без Лионел Меси, кој закрепнува од коронаворусот, а не се појавија ни Анхел Ди Марија, Јулијан Дрекслер, Данило Переира, Џанлуиџи Донарума и Леиин Кураза, кои исто така се во изолација. Веќе подогло време го нема и повредениот Нејмар.

Нант и Монако, исто така, одиграа без победник, но и без голови. Идентично заврши и дуелот меѓу Клермон и Ремс.

Ница на гостувањето кај Брест славеше со 3:0, по што се врати на второто место на табелата. Тимот воден од Кристоф Галтие до победата стаса иако од 20 минута играше со играч помалку.

Ница поведе во 13 минута со голот на Каспер Долберг, но седум минути подоцна Морган Шелдерин доби црвен картон поради остар старт. Во 79 минута Енди Делор зголеми на 2:0, а конечниот резултат го постигна Емен Гуири во четвртата минута од судискоро продолжение.

Гистинска победа од 2:0 впиша и Стразбур кај Мец, а стрелци беа Ажорке во 50 и Аолу во 90 минута.

ПСЖ води на табелата со 47 бодови, Ница е втора со 36 колку што има и третиот Марсеј но со послаба гол-разлика. Рен е четврти со 31 бод, колку што има и петтиот Мопелје а Лион е 11-ти со