
Настава само онлајн во второ полугодие побара Иницијативата поддршка за онлајн настава која на социјалните мрежи брои околу 15 илјади членови. Главниот аргумент за ова е лошиот здравствен ситем и високата смртност од ковид 19, но и тоа што голем број семејства немаат услови за изолација.
Но, родителите се поделени, друга група бара избор при одење на училиште и на децата да им биде дозволено наставата да ја следат без маски.
Од Иницијативата СТОП за носењето маски во училиште велат дека Мaкедонија нема капацитет за целосна онлај настава.
„Ние не сме способни да имаме комбирнирана, не сме способни да имаме ни со физичко присуство настава, затоа што децата во една училница со 30-40 метри квадратни го пренесуваат вирусот многу брзо. Шансата за заразување е многу голема. Ги фрламе во оган не само децата, туку и нивните родители, бабите, дедовците“, вели Ана Глигорова од движењето „Поддршка за онлајн настава“.
Дали ќе биде разгледано и прифатено барањето за целосна онлајн настава ќе зависи од развојот на ситуацијата. До стартот на второто полугодие остануваат уште десет дена.
Но, на само дестина дена пред стартот на второто полугодие нема никакви протоколи, ниту се знае како наставата ќе се одвива.
Од образование велат дека ќе се координираат со здравство и комисијата за заразни околу одлуките за начинот на кој ќе се одвива наставата.
Комисијата за заразни болести ќе се состане утре, но не се знае дали образованието и наставата ќе бидат ставени на дневен ред.
Образовниот процес од почетокот на пандемијата го следат низа контрoверзии, иако беше најавено дека ќе има целосно нова платформа за онлајн настава, учениците кои од дома ги следат часовите всушност користат Мајкрософт тимс.