
Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 5.163 зарази со коронавирусот, што е за 1.760 случаи повеќе отколку пред седум дена, но и најмногу коронаинфекции од почетокот на епидемијата пред 22 месеци, што се припишува на сѐ подоминатната омикрон варијанта на коронавирусот.
„Омикрон е поинаков вирус, па ќе зарази и многумина кои се веќе вакцинирани, но вакцинацијата штити од потежок тек на болеста и хоспиталицација, На заедницата не ѝ се заканува самата зараза колку тешко заболените кои ги полнат болниците“, изјави за словенечката јавна телевизија министерот здравства Јан Поклукар апелирајќи на што поскоро вакцинирање.
Ги повика Словенците да ја искористат масовната акција на вакцинирање од 13-ти до 15-ти јануари, кога ќе се вакцинира целиот ден и без закажување. Поклукар рече и дека истражувањата покажуваат дека од потешка форма на болеста донекаде штити уште првата доза.
Во моментов во словенечките ковид- болници на одделите за интензивна нега 85 отсто од пациентите се невакцинирани, а најмладиот меѓу нив има само 18 години, предупреди министерот.
Еветуалното задолжително вакцинирање сѐ уште не се разгледува, не го разгледувале ниту членовите на стручниот совет за Covid-19, ниту владата, но прогнозите за ширењето на петтиот бран на епидемијата во кој омкрон сојот веќе станал доминантен не се добри, додаде Поклукар.
„Сегашините прогнози укажуваат дека пикот на бранот ќе го достигнеме кон крајот на месецов и во првата половина на февраури, но проекциите се неблагодарни бидејќи омикрон нѐ изненадува секој ден, ситуацијата ќе биде појасна по десетина дена“, рече словенечкиот министер за здравство.
Поради силното ширење на омикрон варијантата на коронавирусот, словенечката влада на стопанствениците им препорача на што е можно на вработените да им овозможи работа од дома, а особено во критичните и инфраструиктирните активности, како што е здравството и образованието. Според Поклукар, потребно де да се формираат две до три екипи кои меѓусебно нема да се мешаат и ќе работата во „балон“ за да се избегне големо отпаѓање на кадрите и блокирањата на виталните дејности.