Реал ја елиминираше Барса по продолженијата

Фудбалерите на Реал Мадрид се пласираа во финалето на шпанскиот Суперкуп откако во Ријад по продолжувањето со 3:2 го совладаат големиот ривал Барселона со 3:2 (2:2, 1:1).

Кралскиот клуб додјде до финалето со погодокот на Уругваецот Феде Влаверде во 98 минута, а исклучително квалитетлниот и динамичен „Ел Класико“ првпат се играше во Саудиска Арабија.

Реал во водство дојде во 26 минута кога Лука Модриќ започна акција и ја додаде до Карим Бензема, кој во шанса го стави Винисиус Жуниор, а Бразилецот ја протна топката кај Тер Штеген. Во 41 минута Барселона израмни по нафрлувањето од Усман Дембеле и лошата реакција на Едер Милитао, кој со топката го погоди Лук Де Јон. Белгиецот снаодливо реагираше и топката од стативата заврши во мрежата.

Барселона во вториот дел се обидуваше да дојде до водство, но Бензема во 70 минута со удар во стативата предупреди дека Реал ќе биде многу опасен од противнападите. Само две минути подоцна, по додавањето од Дани Карвахаљо по молскавичниот контранапад и вишокот создаден во казнетиот простор на противникот, Бензема погоди за ново водство на Реал. Но Барселона повторни израмни по нововлезениот Ансу Фати кој во 84 минута го реализираше доавањето од Жорди Алба, но неколкуте промашувања на Дембеле.

Во 98 минута Реал и по третпат дојде во водство, кога прецизната акција на неколку играчи ја заврши Валверде.

Во второто полуфинале во четврток играат Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао.