
Постојат значителни разлики меѓу НАТО и Русија коишто нема да биде лесно да бидат надминати, но двете страни изразија подготвеност за продолжување на дијалогот, изјави во средата генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, на прес-конференцијата во Брисел по состанокот на Советот НАТО-Русија кој првпат се сретна по јули 2019 година.
Столтенберг извести дека се водела „тешка дискусија“ во клучниот момент за европската безбедност и дека меѓу Западит и Русија остануваат „сериозни разлики“.
„Ова не беше лесна дискусија во клучниот момент за европската безебедност, но тоа на состанокот му даде уште поголема важност. Се одржа многу сериозна и директна размена на мислењата за ситауцијата во Украина и европските безбедносни прашања. Има значителнми несогласувања меѓу Русија и НАТО“, рече Столтенберг.
Столтенберг притоа повтори дека НАТО ја отфрла можноста да направи компромис во врска со барањето на Русија за неширење на воениот пакт на исток кон нејзините граници и приемот во членство на руските соседи, вклучително Украина и Грузија.
„Сите сојузници се обединети во главниот принцил на Алијансата дека секоја земја е слободна да ги избере својот пат. Само Украина и 30-те членки на НАТО може да одлучат кога Киев е подготвен да стана членка на сојузот. Русија нема вето за тоа дали Украина може да ѝ се приклучи на организиацијата. Сојузниците се пдоготвени да го поддржат Киев на патот кон членството во НАТО“, рече Столтенберг.
Рече дека НАТО на средбата ѝ го повториле ставот на Русија дека „гледаат“ наводно присуство на руски војници на границата со Украина.
„Рековме дека гледаме трупање сили, артилерија, војници и заканувачка реторика“, рече Столтенберг.
Москва и претходно порача дека распоредувањето на нејзините сили на руска теротирија е суверено прашање и оти тоа се случува поради трупањето на украинските сили на линијата на раздвојување со силите на побунетите доминатно руски региони на истокот, како и поради континуираното присуство на американски и западни единици и воени иструктори во Украина, како и испораките на западно офанзивно вооружување на Киев.
„Украина не е закана за Русија, туку обратно. Украина има право на самоодбрана. И, се разбира, некои сојузници и НАТО ѝ помагаат на Украина во тоа“, дециден беше Столтенберг илустрирајќи го тонот на разговорите со руската делегација.
За Столтенберг „невистинит“ е рускиот став дека проширувањето на Алијансата е акте на агреесија, бидејќи според него НАТО е „одбранбена оерганизација која ја шири демократијата“.
„НАТО е одбранбен сојуз, никогаш не сме принудиле никого да се приклучи на нашата организација. Идејата дека проширувањето на НАТО во моментов е чин на агресија не е точна. Проширувањето на НАТО беше и останува камен темелник на слободата и демократијата во Европа“, инсистираше Столтенберг.
Но, продолжи челникот на НАТО, членките на Алијансата нема да штедат напори да се изнајдат политички патишта за излез од кризата и остварување напредок.
„Сојузниците во НАТО истакнаа дека ќе ги вложат сите наппори да се најде политичко решени за напредок. Ги поздравувам и билатералните консултации меѓу САД и Русија, како и утрешниот состанок на ОБСЕ. Сето тоа се можности за конструктивен заеднички ангажман во итерес на безбедноста на Европа, кој не смее да биде пропуштен“, додаде Столтенберг.
Додаде и дека има потешкотии во дијалогот меѓу НАТО и Русија, но оти е неопходно тој да продолжи да се води. Столтенберг рече дека НАТО ѝ предложил на Русија во таа смисла низа состаноци на коишто би се разговарало за низата отворени безбедносни прашања, како што е контролата во воружувањето и распоредувањето на проектили во европа, како и дека руските претставници не можеле веднаш да дадат директен одговор на тој предлог пред да го проучат.
Столтенберг предупреди и дека наводната руска инвазија врз Украина би била голема грешка.
„Ние мораме да бидеме подготвени доколку Русија се реши за конфликт, за што има примери во минатото. Тоа би била стратешка грешка којашто би имала тешки последици“, смета Столтернберг.
Рече и дека НАТО би можел да распореди дополнителни сили во своите источни членки ако Русија ја нападне Украина, на што инсистира Западот образложувајќи ги наводните руски намери со наводно зголемениот број војници на границата.
На прашањето дали постои опасност од вооружен судир во Европоа, Столтенберг одговори дека „постои вистински ризик за нов вооружен судир, но дека НАТО ќе стори сѐ што може за да го спречи“.
Столтенберг одговори и дека Русија на состанокот зборувала за своите предлози коишто ги објави во декември, и повтори дека тие предлози се неприфатливи. Тврдеше и дека Русија има свои војници распоредени во Украина, Молдавија и Грузија „каде дојдоа неповикани, каде не се добредојдени“ и ги повика на повлекување. Москва, од своја страна негира дека на ниеден начин е воено вмешана во украинскиот конфликт, а нејзината база во Придневстровје е воспоставена како мировен контингент кој интервенираше во спречувањето на крвопролевањата по распадот на Советскиот сојуз кога пророманските сили во Молдавија бараа приклучување на Романија. Кога станува збор за Грузија, руските сили беа присутни по примирјето во одметнатите кавкаски автономни покраини . Но по вооружената агресија на Тбилиси на Цхинвали во август 2008 година, Русија воено интервенираше во Абхазија и Јужна Осетија кои прогласија независност што ја признаа Москва и низа други земји.
Советѕот НАТО-Русија беше воспоставен во мај 2002 година како механизам за консултации и соработка во однос на глобалните безбедносни предозвици. Но по превратот во Украина во март 2014 година кога со поддршка на Западот беше соборена проруската влада во Киев поради што доминатно рускиот црноморски полусотров Крим си ја поврати укинатата автономија и ѝ се приклучи на Руската Федерација, двете страни ги суспендираа активностите во Советот. Сепак, ги оставија отворени комуникациските канали, а од 2016 до 2019 година беза одржани неколку состаноци, но минатата година кога НАТО им ги повелече акредитациите на десетина руски дипломати во постојаната мисија на Русија во седиштето на Алијансата во Брисел, Москва одговори идентчно и одезема акредитации на западни воени дипломати поради што практично го оневозможува функционирањето на канцеларијата во Москва.