
Премиерот и претседателот на Бугарија од денеска можат да излезат од карантинот воведен од Регионалниот инспекторат на Софија.
Изолацијата на Кирил Петков и Румен Радев може да се укине доколку и двајцата дадат негативен резултат од ПЦР тестот, а бидејќи и двајцата имаат бустер доза од вакцината против Ковид-19, тие можат да бидат ослободени од обврската за понатамошен карантин.
Правилото е дел од новата уредба на Министерството за здравство на Бугарија за рокот на карантин и изолација.
Петков и Радев прво се самоизолираа, а потоа беа и официјално ставени во карантин, откако на Советодавниот совет за национална безбедност во понеделникот биле во контакт со претседателот на Народното собрание Никола Минчев, за кој се покажа дека е заразен со коронавирус.