Времето денеска наутро ќе биде многу студено, преку ден претежно сончево, a на североистокот со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -3, а максималната ќе достигне од 1 до 9 степени.
Во Скопје, времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне 8 степени.