
Двата неделни натправара од 19-то коло на германското фудбалско првенство Арменија и Ајнтрахт ремизираа со 1:1, како и Арминија и Гројтер Фирт со резултат 2:2.
Франкфуртски Ајнтрахт поведе во 22 минута со голот на Даичи Камада, но уште во првото полувреме во 38 минута израмни Михаил Грегорич.
За Аугсбург ова беше четвртиот првенствен натпревар во серија без победа, во која има три ремија и пораз, и се наоѓа на 15-то место со 19 бодови, бод над зоната на испаѓање. Ајнтрахт, пак, по три победи во низа впуша и втор дуел во Бундеслигата без победа – пораз и реми, и моментално е осми со 28 бодови.
Претходно во втората пресметка на екипи кои се борат за опстанок беше доста понеизвесен, а заврши исто така без победник. Арминија дома поведе во 8 минута со голот на Масаја Окугава, но до крато на поливремето последнопласираниот новак во лигата Фирт израмни во 35 минута. Гостите направија резултатски пресврт во 67 минута со голот на Хавард Нилсен и до само втората победа сезонава го делеа седум минути, кога за домашните израмни Гознало Кастро.
Арминија со 18 бодови моментално е 16-ти на табелата на место од кое се игра плеј-оф за опстанок, а Гројтер Фирт останува последен 18-ти со само седум бодови.