Убиен осомничениот во заложничката криза во Тексас

По шест часа преговори и специјална операција на полицијата, ноќеска заврши заложничката драма во синагогата на Коливил, предградие на Далас-Форт, каде едно лице во локалната синагогоа во заложништво држеше четири лица.

„Киднаперот кој вчера ги зеде четворица заложници и ги затвори во синагогата е мртов“, изјави началникот на локалната полиција Мајкл Милер, откако беше објавено дека сите преостанати заложници се ослободени и неповредени.

„Тимот за ослободување на заложниците ја нападна синагогата и киднаперот е мртов“, изјави Милер на прес-конференција.

„Молитвите ни се ислушани. Сите заложници се ослободени, здрави и безбедни“, “, напиша Грег Абот на Twitter..

Во синагогата имало четворица заложници, од кои едниот бил рабинот. Киднаперот наводно е брат на Пакистанка осудена за тероризам.

Шест часа по почетокот на кризата, прво беше ослободен еден од заложниците.

Полицијата преговараше со киднаперот во Коливил, а за цело време заложничката драма се пренесуваше во живо, наведе локалниот весник Star-Telegram од Форт Ворт.

Полициското одделение од Колевил, претходно на социјалните мрежијави дека спроведува специјална операција во блокот во кој се наоѓа конгрегацијата „Бет Израел“ и дека сите жители во непосредна близина ќе бидат евакуирани.