
„Мозочната магла“, коајшто некои пациенти ја пријавиле како последица од долготрајната коронавирусна болест Covid-19 покажува голема сличност со состојбата во медицината позната како „хемо-мозок“, поим кој се кристи за да се опишат проблеми со помнењето, концентрацијата и нејасните размислувања кај пациенти кои се лекуваат од рак, покажува ново истражување објавено на мрежната страница за претпринт на нерецензирани студии bioRxiv.
Споменатите нарушувања може да се јават и во периодот и по лекувањето од рак. Состојбата на „хемо мозок“ често се нарекува и „ментална маглина“, а станува збор за когнитивни проблеми или дисфункции кои се доведуваат во врска со терапии во текот на лекувањето од рак.
Лицата заболени од Covid-19 „често чувствуваат долготрајни невролошки симптоми, како што е намалување на вниманието, концетрацијата, брзината на обработување на информациите и полошото паметење“, што е слично како и кај пациентите со когнитивните оштетувања поврзани со лекувањето на канцер.
Состојбата „хемо мозок“ е најчесто поврзана со лекувањето рак и тоа најчесто со хемотерапија, но и со други третмани како зрачењето, земањето хормонска терапија и операции. Сиве овие третмани може да предизвикаат кусорочни или долготрајни последици, а понекогаш тешкотиите може да се јават и по завршувањето лекување.
Повеќето лица овие когнитивни проблеми го чувствуваат кусо време, додека поединци симптомите на „хемо мозок“ може да ги чувствуваат подолг период, што се разликува од индивидуа до индивидуа.
Таквите терапии неретко како последица имаат развој на енцефалитис (воспаление на мозокот).
Во мозокот на пациенти коишто починале од последиците од Covid-19, научниците пронашле докази за енцефалитис, но и за високи нивоа на воспалителни протеини, од кои еден – CCL11, е поврзан со оштетување на нервниот систем и когнитивните функции.
Од 63 пациенти со таканаречениот долг ковид, кај 48 со долготрајни когнитивни симптоми научниците откриле високи нивоа на протеинот CCL11, а кај другите 15 кои минале без конгнитивни проблеми не се забележани високи нивоа на споменатиот воспалителен протеин.
Веруваат дека успешното лекување на когнитивните оштетувања кај пациентите кои се лекуваат од рак би можело да се користи и кај пациентите со Covid-19 со слични проблеми, но истакнуваат дека би требало посебно да се тестираат на долготрајната болест.