
Димитар Апасиев лидерот и пратеник на Левица на Фејсбук утрово објави дека партијата организирала герила пречек на бугарскиот премиер Кирил Петков, кој денес е во посета на Скопје.
На транспарент поставен на влезот на Скопје пишува „Добредојдовте администратори на Цар Борис“, а под објавената фоторафија Апасиев напишa:
– Соодветен герила-пречек на новиот бугарски премиер, од страна на специјалните единици на Црвената младина на Левица.