ФОТО| Млад возач усмрти девојка кај Сити Мол

Министерството за внатрешни работи потврди дека 24-годишна девојка во четвртокот вечерта загина во сообраќајна несреќа во близина на трговскиот центар Сити Мол во Скопје.

„Вечерва во сообраќајна несреќа починала женско лице откако во неа удрило возило управувано од Ј.Ѓ. (22)“, велат од МВР за Прес24.

Претходно порталот А1он објави дека девојката поминувала улица на пешачки премин кога автомобил марка „cитроен“ ја прегазил и фрлил неколку метри, поради што таа добила смртоносни повреди.

Неофицијално, автомобилот кој ја прегазил претекнувал друг автомобил, кој застанал на пешачкиот премин. Полицијата е на терен врши увид на местото на несреќата.

фото: a1on.mk