
Во четвртокот полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, по претходно добиена наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес во дом на 43-годишниот Т.Т. во скопското село Јурумлери.
При претресот е пронајдена марихуана, бела прашкаста материја, дигитална вага и дробилка. Т.Т. откако ќе набавел поголема количина кокаин и марихуана, ја препакувал во помали пакувања и ја продавал. Т.Т. е приведен и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 215 од КЗ.