
Пиунот Ковачевски предизвика инфлација како заменик министер, а потоа ја поскапи струјата и парното, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Пиунот Ковачевски е директно виновен за сите негативни ефекти во економијата. Тој е заменик министер за финансии додека долгот надмина 60% од БДП, додека имаме најмал број на странски директни инвестиции во регионот и додека стопанството и граѓаните се соочени со инфлација, подвлекуваат од партијата и додаваат:
„Истиот Ковачевски и СДСМ со нивната неспособност придонесоа за раст на цената на струјата и парното од 15%. Од овој месец граѓаните ќе плаќаат по најмалку 1.500 денари повеќе како резултат на неспособноста на СДСМ и Ковачевски навреме да ископаат јаглен и да обезбедат евтин гас.
Со СДСМ и пиунот Ковачевски не може да биде подобро. Секој месец поминат со нив е се полош. На Македонија и се потребни брзи предвремени парламентарни избори и нова влада која ќе знае да се справи со предизвиците“.