
Дете родено 2010 година, заразено со коронавирус, починало рано утрово на клиниката за инфективни болести во Загреб.
Според податоците од родителите, детето досега немало здравствени проблеми и поради тоа е наредена обдукција, за да се установи зошто настанал смртен исход кај толку младо лице.
Од симптоми, детето имало покачена телесна температура, главоболка и слабост, но за жал, смртта настапила кратко откако е потврден позитивен тест за коронавирус.
Хрватските лекари сметаат дека ваквите исходи се ретки, но дека сепак не може да се очекува дека не можат да се случат.