
Премиерката на Самоа денеска воведе 48-часовен локдаун во оваа пацифичка земја, откако 15 патници од Австралија се тестирани позитивни тестот за коронавирусот, а земјата досега има вкупно 18 случаи од почетокот на пандемијата.
Заразените патници биле меѓу 73-те кои дошле од австралискиот град Бризбејн во средата.
И премиерката на Самоа Фиама, Наоми Матафа изјави дека Владата во иднина би можела привремено да ги прекине летовите од Австралија, а одложен е и планираниот лет од Нов Зеланд.
Сите патници на спорниот лет, како што е соопштено, биле целосно вакцинирани и биле негативни на тест за ковид пред полетувањето.
Гувернерот на соседна Американска Самоа, Леман Палепои Сиалега Мауга, издаде соопштение во кое упатува зборови на солидарност до Самоа и поддршка за премиерката.
Тој исто така рече дека летовите меѓу неговата територија и Самоа се откажуваат на една недела.
Американска Самоа, земја со 200.000 граѓани, исто така има 18 регистрирани случаи, од кои сите биле патници на „Хаваи Ерлајнс“ од Хонолулу.