
Како одговор на руските предлози за безбедносните гаранции,САД и други членки на НАТО започнаа „токсична“ кампања со лажни обвинувања против Русија, предупреди во саботата руското министерство за надворешни работи.
„Наместо да престанат и да се фокусираат на одговорите на суштинските прашања поставени во руските документи, Белата куќа и нејзините западни сојузници започнаа крајно токсична информативно-пропагандна кампања, претставувајќи ја нашата држава како ‘агресор’, ‘непријател на цивилизираната Европа’ и ‘закана’ за меѓународната стабилност“, соопшти руската дипломатија.
Се истакнува дека од 15-ти декември минатата година, кога нацрт-договорот бил официјално предаден на американската страна, во Москва главно гледаат „очигледни обиди да се одолговлекуваат разговорите за конкретните параметри“ и форматот на договорот.
Руската дипломатија, исто така, потсетува дека претходно американскиот Стејт департмент објавил ткн „збирка факти“ со „разоткривање“ на тезите по главната тема. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека таквите документи е „невозможено е да се прочитаат“. Според него, доволно е да се отвори која и да е страница од предлог-текстот за да се разбере дека содржината не трпи никаква критила.
„И самиот факт што Стејтдепартментот објави такви ‘методички препораки’ непосредно пред разговорите меѓу министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, и американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Женева, не може а да не се нарече потполна провокација“, истакнува руската дипломатија.
Русија бара од НАТО правно обврзувачки договор за негово неширење кон руските граници, воспоставување воени бази во постсоветските земји и разместување стратешко вооружување во регионот, како и непримање на Украина и Грузија во Алијансата. Брисел и Вашингтон го отфрлија неширењето на НАТО како несоодветно за волјата на суверени земји, но начелно се согласни за разговори за другите точки од рускиот предлог но досега конкретни одоговори немаше .
Москва очекува провокации од САД и од властите во Киев, неисклучувајќи и воени превокации, подоцна во сабората објави портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
„Очекуваме провокации од САД и од нив водетниот режим во Киевр, и информативни, а не можат да се исклучат и воените. Тоа ќе го има, уште повеќе, зашто имаат богато искуство“, напиша Захарова на нејзиниот Telegram-канал.
Пишувањето во некои западни медиуми дека наводно кинескиот претседател Кси Џинпинг побар од рускиот колега Владимир Путин „да не ја напаѓа“ Украина за време на Зимските олимписки игри кои од 5-ти до 20-ти февраури ќе се одржат во Пекинг, Захарова го опиша како „специјална информативна операција“.