
Тренерот на Јувентус, Максимилијано Алегри потврди дека Арон Рамзи повеќе не е дел од тимот и дека ќе го напушти клубот во зимскиот преоден рок.
Веќе подолго време се шпекулира со заминување на Велшанецот кој не е во плановите на тренерот Алегри.
Рамзи е еден од најплатените фудбалери во тимот, па Јувентус сака да се ослободи од него што е можно побрзо.