
На 22.01.2022 околу 16 часот на бул. „Словенија“ во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција сопрено е патничко моторно возило „пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.Р (23), а како сопатници Х.Ч (17) од Скопје и Д.Д (20) од Прилеп.
При преглед во возилото пронајдена е марихуана и лицата се приведени.
По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.