
Д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија, со пост на својот Фејсбук профилот информира дека Србија строго ја забранува употребата на антибиотици и високи дози на витамини во лечење на ковидот.
-За да нема недоразбирања, во најновиот протокол за вонхоспитално лечење на болни со Ковид-19 во Србија строго се забранува употреба на антибитици и високи дози витамини!!!
Изгледа тоа што цела година го трубиме со моите колеги Никола Пановски и Драган Даниловски подобро го разбираат комшиите од домашните, напиша д-р Беќаровски.