
Брифинг за „SWIFT RESPONSE – 22“, најголемата вежба која напролет ќе се одржи на Криволак, со над 4.000 учесници од 7 сојузнички земји – САД, Обединетото Кралство, Италија, Франција, Црна Гора, Албанија и Северна Македонија. Подготовките се при крај, објави министерката за одбрана Славјанка Петровска, на нејзиниот фејсбук профил.
Вежбата која ќе има воздухопловни елементи и вклучува падобрански скокови, напиша министерката Петровска, ќе ги покаже способностите на Армијата и на капацитетот на полигонот Криволак за изведување големи здружени сојузнички вежби.