
Кина им порачаа на САД дека сака сите страни вклучени во украинската криза да останат смирени за да се избегнат судирите, додека Вашингтон ја нагласи потребата од деескалација на тензиите и предупреди на безбедносни и економски ризици од „руска агресија“.
Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји и американскиот државен секретар Ентони Блинкен разговараа телефонски за Украина ноќта кон четвртокот по средноевропско време.
„Ги повикуваме сите страни да останат смирени и да се воздржат од дејствија кои предизвикуваат тензии и ја влошуваат кризата“, му рекол Ванг на Блинкen, објави во соопштение кинеското министерство за надворешни работи.
Русија бара повлекување на НАТО силите и оружјето од источна Европа и повлекување стратешко вооружување од континентот и бара НАТО да се обврзе никогаш да не ги прими Украина и Грузија во членство. САД и нивните сојузници ги отфрлаа тие барања но се согласуваат за преговори за безбедносни прашања како контрола на вооружувањето и мерки за градење доверба,
„Државниот секретар Блинкен… ја пренесе пораката дека дескалацијата и дипломатијата се единствениот одговорен чекор нанапред“, се наведува во соопштението на американскиот Стејт департмент. Ванг и Блинкен разговарале за глобалната безбедност, како и за „ризиците од натамопната руска агресија врз Украина“, се додава во соопштението.
Ванг, алудирајќи на руското противење на ширењето на НАТО на истокот на Европа, на Блинкен му рекол дека безбедноста на една земја не смее да биде на штета на безбедноста на дригите, како и дека регионалната безбедност не може да биде гарантината со јакнење или дури ширење на воените сојузи, објави кинеското министерство.
САД повторни ја предупредуја Русија за наводен напад врз Украина и ги повикуваат двете земји да се вратат на договорите познати како Минс 1 и Минск 2 потпишани во 2014 и 2015 година, за запирање на конфликтот во источна Украина, доминанто населена со руско и рускојазично население. Меѓутоа, повечето од воени и политички чекори, како давање одреден степен на автономија на регионите Донецк и Луганс од договорот Минск 2, не се спроведени, со тврдењето на Русија дека не е страна во конфликтот и дека се работи за внатрешен украински судир и оти поради тоа условите се однесуваат на двете спротиставени страни а не на неа.
„За да го решиме украинското прашање, треба да се вратиме на нов договор од Минск – почетната точка. Новиот договор од Минск, кој го одобри Советот за безбедност на ОН, е темелниот политички документ кој ги признаваат сите страни и треба ефикасно да се спроведува. Сѐ додека напорите се вложуваат во согласност со насоката и духот на договорот, Кина ќе ги поддржува“, истакна Ванг.