
Без вода денеска ќе бидат корисниците на дел од улиците „Христо Батанџиев“, „Александар Турунџов“ и „Иван Манолев“.
Прекинот во водоснабдувањето, како што соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје, е поради технички зафат на хидрофор на улица „Христо Батанџиев“ во близина на игралиштето, односно поради дефект на
огрлица ф-80 мм на улица „Александар Турунџов“ 2а, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица и дел од улицата „Иван Манолев“.