
Во петокот во Берлин започнува конвенцијата на партијата Зелени (Bündnis 90/Die Grünen), којашто е дел од владејачката коалиција, на којашто би требало да биде изберено новото партиско водство.
Досегашниот претседателски тандем, Аналена Бербок и Роберт Хабек, коишто во новата коалициска влада со Социјалдемократската партија на Германија (SPD) и со либералните Слободни демократи (FDP) станаа министри за надворешни работи односно за економија, се повлекуваат од водството на партијата согласно правилата за раздвојување на партиските и владините функции.
Најверојатен кандидат за преземање на претседателството се досегашниот портпарол за надворешнополитички прашања на Зелените, Омид Нурипур и потпретседателката Рикарда Ланг.
Изборот на претседателството ќе се одвива на онлајн конвенцијата во сабота. Во пресрет на ланските парламентарни избори Зелените долго водеа во анкетите, но на крајот оставрија 14,8 отсто гласови и беа треата партија по моќност зад социјалдемократите и демхристијаните од Унијата CDU/CSU.
Според аналитичарите, пред новото водсто се наоѓа тешка задача за усогласување на партиските насоки и компромисите коишто ги бара ангажирањето во новата коалициска влада. Со либералите има несогласувања во врска со климатските насоки на влаата, а во надворешната политика, особено во односот кон Русија при што зелените бараат поостар курс од социјалдемократите и канцеларот Олаф Шолц.