
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска ќе има излагање пред членовите на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Северна Македонија.
Како што е најавено од МНР, шефот на дипломатијата Османи ќе ги информира членовите на собраниската Комисија за текот на разговорите и севкупните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.
Седницата на оваа комисија е предвидено да започне од 11:45 часот, во салата Борис Трајковски.