
Русија ќе бара до НАТО јасно да каже дали има намера да ги спроведе клучните безбедносни обврски, изјави во неделата рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров откако Москва порача дека одговорот на Алијансата на рускиот предлог-договор не е задоволувачки.
„Денеска преку министерството испраќаме официјално барање до нешите колеги во земјите од НАТО и ОБСЕ со итно барање да разјаснат како имаат намера да ја исполнат обврската да не ја зајакнуваат својата безбедност на сметка на безбедноста на другите земји. Ако не планираат да го сторат тоа, тогаш нека објаснат зошто“, изјави Лавров во програма на јавниот сервис.
Истакна дека одговорот од двете организации ќе определи какви предлози неговото министерство за надворешни работи ќе му даде на рускиот претседател Владимир Путин во иднина.
Лавров повтори дека Западот „сака да ја вовлече Украина во НАТО“, што „навистина би ги поткопало“ односите со Русија. Москва смета дека таквите дејствија преставуваат „флангрантно кршење на официјалната политичка посветеност преземeна од претседателите на САД и на другите земји-членки на Алијансата“.
„Секогаш се случува дека линијата што треба да ја бранат се поместuва кон истокот. Денес веќе се приближи до Украина и, исто така, сакаат да ја вовлечат oваа земја. Иако сите сфаќаат дека Украина не е подготвена и нема да даде никаков придонес за зајакнување на безбедноста на НАТО“, смета Лавров,
Шефот на руската дипломатија, исто така, истакнa дека во одговорот на руските предлози за безбедносните гаранции за стабилност и мир во Европа, Алијансата се нарекува одбранбена, иако според Лавров, тешко може да се смета за таквов воен блок.
„Не треба да заборавиме дека тие три месеца ја бомбардираа (во 1999 година тогашна СР) Југославија, ја нападнаа Либија кршејќи ја резилуцијата на Советот за безбедност при ОН и како се однесуваат во Авганистан. Дури и доколку сте согласни дека се одбранбен сојуз. Во време на Студената војна и Берлинскиот ѕид, беше јасно која територија ја бранат. Ѕидот го нема, во рамките на ОБСЕ прогласивме трајно пријателство, неделивост на безбедноста, солидарност, се договоривме никој да не ја зајакнува безбедноста на смета на безбедноста на другите, а тие продолжуваат да примаат (во членство) земји“, истакна Лавров.
Русија пред повеќе од еден месец на САД и НАТО, а потоа и во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), во која има 57 членки од континентот влучително и САД, на преговори за регионалната безбедност, откако ексалираа тензиите меѓу Западот и Москва поради наводната руска подготовка за инвазија врз Украина.
Русија од Западот бара не само ветување, како во 1990 година кога тогашниот Советски сојуз во кој доминираше Москва да го распушти Варшавскиот пакт, туку и правно обврзувачки безбедносни гаранции, „коишто ќе ја осигураат безбедноста на целиот европски континент, со полно и подеднакво уважување на легитимните интереси на Русија“, повтори Лавров.
Русија бара од НАТО да ги повлече своите сили и стратешко оружје од источна Европа, особено од земјите кои пред 1997 година не беа во составот на Алијансата а се поранешни членки на Варшавскиот пакт и на самите руски граници, и во чланство да не ги прима Украина и Грузија.
САД и НАТО ги отфрлија таквите барања, но велат дека се подготвени да разговараат за другите теми како контролата на вооружувањето и начините за градење меѓусебна доверба.
А НАТО не планира да распореди борбени единици во Украина, којашто не е членка на сојузот, и во случај на руска инвазија, изјави во неделата генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.
„Не планираме да распоредиме борбени сили на НАТО во Украина (…) насочени сме на пружање поддршка. Постои разлика меѓу членството во НАТО и силен и многу ценет партнер како Украина. Во тоа нема сомневање“, рече Столтенберг за британскиот јавен сервис BBC.