
Окружниот суд во Лос Анџелес во четвтокот одредил 26-годишната Хана Табс од сојузната држава Калифорнија, две години да одлежи во казнена институција за малолетнички, поради обид за силување девојче кога била маж, пренесува Fox News.
Пред да ја прочита пресудата, откако обвинетото лице ја признало вината, судијата го критикувала поранешниот екстремно левичарски обвинител Џорџ Гаскоњ, кој одбил рецидивистот сторител да го гони како возрасен.
Злосторството се случило во 2014 година кога Табс две седмици пред нејзиниот 18-ти роденден, се обидела да силува десетгодишно девојче во женски тоалет. Тогаш обвинетата се викала Џејмс и се идентификувала како маж. а обвинителството сега протестирало дека сегашната Хана не се идентификувала како жена сѐ додека не била приведена.
„Табс има 26 години. Наспроти лажниот наратив на Џорџ Гаскоњ, таа не е ‘дете’“, изјавил за Fox News Digital, заменикот окружен обвинител на Лос Анџелес, Џон Хатами, доделен во предметот од Одделот за компелксна злоупотреба на деца.
Притоа се наведува дека Табс како маж претходно бил приведуван за поседување дрога, физички напади и нарушување на условната казна во други сојузни држави. Според Хатами, истрагата има докази за силување две девојчиња од страна на Табс.
Насилникот добил две години малолетнички притвор, бидејќи претходниот обвинител одбил да покрене обвинение против него како за возрасен. Покрај тоа, Табс почнал да се идентификува како жена откако бил приведен. Поради тоа, сега како Хана ќе биде во казнена институција со девојки, но изолирана од нив.
Две години е максималната казна за секој малолетник во новата програма за возраст над 25 години, според заменикот окружен обвинител Шеа Сана.
Изрекувањето на пресудата предизвика критики за обвинителот Гаскоњ, кој своевремено ветил дека „веднаш ќе престане да ги гони децата како возрасни“. Гаскоњ цитирал студии според коишто развојот на мозокот не е завршен сѐ додека лицето не наполни 25 години и во кои се тврди дека малолетничкиот притвор може да ги рехабилитира младите престапници.