
Франк Лампард и официјално е нов менаџер на Евертон, откако потпиша две ипол годишен договор со „Карамелите“, потврди Скај Спорт.
Лампард е замената на Рафа Бенитез кој заработи отказ, а беше трета опција на клубот.
Поранешниот менаџер на Деби и Сонси, Пол Клемент ќе му биде асистент на Лампард кој се очекува да биде промовиран во текот на утрешниот ден.
Поранешниот тренер и играч на Челси има тешка задача пред себе, да го врати тимот во игра за Европските купови, но пред се да го спаси од испаѓање од Премиер лигата.