
Граѓаните уште цел февруари ќе ги користата паркинг услугите во Скопје по старите цени, а од први март стапуваат на сила новите повтини цени.
Цената за паркирање ќе се намали во зонското паркирање, во зона А0 од 100 се намалува на 75 денари, во зона А од 50 се намалува на 40 денари, во зона Б од 40 на 30 денари, а во зоните Ц и Д паркирањето ќе се намали од 30 на 25 денари за 1 час.
Ова минатата недела го соопшти надлежното јавно претпријатие Градски паркинг – Скопје од каде што порачаа дека со ова се исполнува едно од главните ветувања на новото раководство за граѓаните на Скопје.