
Претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер, претпладне од северозападен, а попладне од југозападен правец. Во вечерните и ноќните часови ќе започнат врнежи од снег.
Утринските температури ќе се движат од -9 до 1 степен, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 3 до 13 степени.
Во Скопје променливо сончево време со максимална дневна температура од шест степени.
За утре се најавува облачно време со повремени врнежи од дожд и снег, повремено пообилни. Уште од ноќта особено на запад ќе ќе се формира снежнa покривка која на планините ќе се зголемува. На југоистокот снежна покривка ќе има на повисоките места и планините, а врнежите ќе бидат повремено од дожд кој ќе преминува во снег.