
Лос Анџелес лејкерс едноставно не може без Леброн Џејмс. По поразите од Филаделфија и Шарлот, Лејкерс трет пат во низа беше поразен, овојпат на гостувањето кај Атланта со 129:121.
Ентони Дејвис со 27 поени беше најефикасен за Лејкерси, но тоа беше премалку за да се сопрат расположените домаќини предводени од Тре Јанг кој заврши со 36 поени и 12 асистенции.
Денвер доминираше на теренот на НБА првакот Милвоки и победи со убедливи 136:100. Никола Јокиќ беше на чекор од нов трипл дабл и му фалеше само еден скок, па на крајот заврши со 18 поени, 15 асистенции и девет скока. Јокиќ го завршува јануари со шест трипл-дабл учиноци, што е само еден помалку од рекордот на легендарниот Вилт Чемберлен, по бројот на вакви учиноци во еден месец.
Резултати: Детроит – Кливленд 115:105, Милвоки – Денвер 100:136, Орландо – Далас 110:108, Минесота – Јута 126:106, Феникс – Сан Антонио 115:110, Чикаго – Портланд 130:116, Атланта – ЛА Лејкерс 129:121, Шарлот – ЛА Клиперс 90:115.