ВМРО-ДПМНЕ избира нови членови на Извршниот комитет

Денеска партијата ВМРО ДПМНЕ оддржува седница на Централниот комитет на која ќе се избираат членови на Извршниот комитет, a која ќе се оддржи во 18 часот по што ќе бидат дадени изјави за медиуми.

Претходно претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски посочи дека се работи за проширување и зајакнување на постојниот состав.

Според засега неофицијалните информации, Извршниот комитет ќе брои 27 членови, а ВМРО ДПМНЕ ќе добие покрај постојните потпретседатела и два нови.

Во составот на Извршниот комитет се приклучува и угледен доктор кој има успешна кариера, како и досегашен експерт од економското и монетарно работење.

Во Извршниот комитет ќе биде и познат аналитичар, како и повеќе нови луѓе од партијата кои се новата енергија на кои ќе им се даде шанса во политиката.

Од досегашните членови сосема е извесно дека и натами ќе бидат Антонијо Милошоски, професорот Трајко Славески, Драган Ковачки, Влатко Ѓорчев, Владо Мисајловски, Александар Николоски.