
Британскиот премиер Борис Џонсон тврдеше во вторникот дека постија „јасна опасност“ од „непосредна“ руска воена интервенција во Украина што би била „катастрофа за Русија и за светот“ и ја повика Москва „да се повлече“.
Британскиот премиер Борис Џонсон во Киев се сретна со својот домаќин украинскиот претседател Владимир Зеленски кој во последно време ги ублажи опасностите од наводната голема руска инвација на којашто предупредуваат некои западни земји, во прв ред САД и Велика Британија.
„Опасноста е јасна и присутна, гледаме дека се трупа голем број војници, гледме подготовки на сите видови кохерентни операции со непосредна воена закана. Важно е Русија да се повлече и да го избере патот на дипломатијата и мислем дека тоа сѐ уште е возможно. Подготвени сме за дијалог, секако, но санкциите се подготвени“, упорен беше Џонсон на прес-конференцијата во Киев.
Според него, тие санкции ќе бидат применети „веднаш во моментот кога првата руска стапка ја мине границата“. Џонсон најави дека во среда телефонски ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин.
САД и Велика Британија упорно ја обвинуваат Русија дека наводно подготвува инвазија врз Украина за што распоредила десетици илјади војници по должината на заедничката граница. Русија ги отфрла таквите тврдење и предупредува дека украинската војска се групира по должината на линијата на раздвојување со проруските сепратисти на истокот од земјата и предупредува на можни провокации од украинската страна поттикнати од Вашингтон и Лондон кои со испораки на офанзивно оружје на Киев го поттикнуваат на воено решение на конфликтот во граничната област Донбас, населена претежно со руско и рускојазично население.
Велика Британија неодамна ѝ испорача на Украина преносни противоклопни системи за судири во урбани средини и илјадници противтенковски ракети, како и повеќе десетици воени инструктори.
Украинскиот претседател Зеленски оцени дека повлекувањето на руските воски од границата би бил „многу важен сигнал и единствен вистински одговор на прашањето дали Москва сака да продолжи по патот на ескалацијата“.
„Ризиците се многу високи за оние кои сакаат да дојдат до дел од нашата територија. Украинците ќе се бранат до крајот. Рисите мора да нѐ разберат, мора да сфатта дека никој не сака војна. Ако ескалацијата започна, нема тоа да биде војна меѓу Русија и Украина, тоа ќе биде голема војна во Еврипа“, предупреди Зеленски.