
Легендарниот центар Шекил О’Нил смета дека има преголема разлика меѓу платите на играчите во машката и женската НБА.
– Во НБА-лигата, некои момци кои не вредат добиваат 40 милиони без причина. Во женската НБА платата на девојките е 700 илјади. Не е во ред. Треба да се направи нешто околу тоа, изјави О’Нил за „Essentially Sports“.
Според Универзитетот Аделфи, постои голема разлика помеѓу просечните плати на играчите во НБА и ВНБА. Тие проценуваат дека машките кошаркарски ѕвезди заработуваат приближно 8,3 милиони долари, додека девојките заработуваат 75 181 долари.