Белорусија протeстира поради ново украинско нарушување на границата

Министерството за одбрана на Белорусија, каде што во моментов се одржуват големи заеднички воени вежби со Русија, објави во четвртокот дека го повикало военото аташе на Украина во Минск поради „зголеминиот број нарушување на границата“.

Претходно и белоруското министерство за надворешни работи испрати протест до амбасадорот на Украина поради прелетување беспилотно летало над белоруската територија, лансирано од укранската страна на границата.

Како што беше објавено претходно, беспилотното летало нелегално надлетувало над белоруската територија на 24-ти јануари, по што специјалните сили на белруската армија ги приземјиле леталото. Нардените денови била вршена анализа на податоците за опремата на беспилотното летало при што било утврдено дека е лансирано од територијата на Украина за да „изведе нелегални извидувачки активности над воениот полигон Брестскиј“.

„Аташето по прашања за одбраната при амбасадата на Украина, полковник Кацуба, беше повикан во министерството за одбрана на Белорусија, каде му беше врачена протестна нота“, објавија од Минск.

Претходно во декември Белорусија обвини дека украинските пилоти го нарушуваат нејзиниот воздушен простор и објави снимка на украински воен хеликоптер од типот „Ми-8“ кој во текот на воените маневри кои Украина ги изведуава на самата белоруска граница на височина од 100 метри навлегол до километар во длабочината на територијата на соседната држава.

Се појаснува дека станува збор за веќе трето нарушување на белоруската државна граница од ноември 2021 година. Поради тоа, на военото аташе му било кажано дека Киев треба да спроведе истрага за овој инцидент, а потоа за резултатите да го информира Минск.

Во моментов во Белорусија се изведуваат заедничките воени маневри на руските и белоруските сили. Проверките на заедничките руско-белоруски сили, како што беше објавено кон средината на јануари, се одржува во две фази. Првата ќе трае до 9-ти февруари, кога единиците ќе бидат прераспоредени на територијата на Белорусија и ќе бидат формирани групации војски. Во втората фаза, којашто ќе трае од 10-ти до 20-ти февраури, ќе се одржат маневрите под назив „Сојузна решителност 2022“ на кои војничкиот и офицерскиот кадар ќе увежбуваат сузбивање и одбивање надворешна агресија, како и антетерористички операции.