Ѓоковиќ, Ферстапен, Левандовски, Брејди конкуренти за спортист на светот за 2021

Српската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ, новиот Ф1-шампион Макс Ферстапен, полската гол-машина Роберт Левандовски се дел од номинираните за најпрестижната награда најдобар спортист за 2021 година во изборот на „Лауреус наградата“, откако беа објавени шесте номинации.

Ѓоковиќ кој четирипати ја освојуваше наградата во 2012, 2015, 2016 и 2019 година е номиниран по освоените три од можните четири гренслем-трофеи лани, Ферстапен е новиниран со освоената титула во Формула 1, а Левандовски за неверојатните гол-рекорди и наградата за најдобар на светот според ФИФА.

Уште во конкуренција се олимписката американска пливачка ѕвезда Калеб Дресел кој блескаше на ЛОИ во Токио, потоа кениската атлетска ѕвезда Елиуд Кипчоге, како и иконата на НФЛ и најдобар квотербек во историјата, кој заминува во пензија Том Брејди.

https://twitter.com/LaureusSport/status/1488822026315915264?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1488822026315915264%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Fbozhem-mali%2Folimpizam%2Fgjokovikj-verstapen-levandovski-brejdi-vo-konkurencija-za-sportist-na-svetot