Рајо Валјекано избори полуфинале во Купот на Шпанија

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски ќе игра во полуфиналето на фудбалскиот Куп на Шпанија, откако синоќа Рајо Валјекано ја совлада Мајорка со 1:0.

Димитриевски успеа да ја сочува мрежата на Рајо, а во 90+8. минута доби жолт картон поради задржување време.

Голот за Рајо го постигна Оскар Трехо во финишот на првото полувреме. На другиот синоќешен четвртфинален дуел од Копа дел Реј, Валенсија го победи Кадиз со 2:1.

Денеска играат Реал Сосиедад – Бетис, Атлетик Билбао – Реал Мадрид.