
Фудбалерите на Херта и Бохум одиграа во петокот вечерта во Берлин без победник 1:1 во првиот натпревар од 21-то коло на германската Бундеслига.
Херта поведе со голот на Алжирецот Исак Белфодил во 23 минита, а Себастијан Полтер израмни за Бохум со погодокот во 48 минута.
Херта моментално е на 12-то место со 23 бодови, додека Бохум е 11-ти со два бода повеќе.