
Како делегација на највисоко ниво од ВМРО-ДПМНЕ денеска одбележуваме 150 години од раѓањето на големиот македонски деец Ѓорѓи Делчев. Кој што оставил голема трага за нас Македонците, за Македонија. Со неговото дело и неговата борба за независна, суверена македонска држава во срцето на Балканот не задолжил истата да ја чуваме, негуваме и развиваме за да генерациите после нас се сеќаваат на неговото големо дело и за Македонија, и за македонскиот народ од чија нераскинлива алка е овој човек, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Хистијан Мицкоски.
Така што денеска како ВМРО-ДПМНЕ во рамките на македонското Собрание ќе поднесеме и Декларација со која што сакаме да добиеме поддршка од сите политички партии кои што се парламентарни и вонпарламентарни со една цел да го зацврстиме темелот за ликот и делото на Гоце Делчев.
Очекувам сите политички партии без разлика дали се парламентарни или се надвор од Парламентот истата да ја поддржат.